Ангела Боровичанин освои бронзен медал на Балканското првенство во Солун (ФОТО)

На Балканскиот шампионат во џудо во Солун, Грција, нашата репрезентативка Ангела Боровичанин (-32 кг) го освои бронзениот медал.

Англеа до бронзаста стигна со две победи и два порази во конкуренција за пионери до 15 години.

„Кристина Мишевска (-44 кг) и Емилија Поповска (-48 кг) останаа без пласман. Во машка конкуренција настапија Марко Нелоски (-34кг) и Андреј Симоноски (-42 кг). Нелоски имаше три борби, една победа и два порази, додека Симоноски имаше еден пораз, со тој учинок  останаа без пласман. Делумно сум задоволен од прикажаното и оствареното, секако, останува уште многу труд и работа за постигнување на поголеми резултати. Утре со настап продолжуваат Христијан Глигороски и Орде Трајкоски“, изјави селектоорт Александар Ѓоргиоски за првиот ден од Балканското првенство за пионери во Солун.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО