Џонс: Му благодарам на Даниел, нека дојде Леснар!

Џон Џонс со нокаут во третата рунда ја разреши дилемата е подобар борец: Тој или Даниел Кормиер.

И самиот Кормиер на прашањето на Џо Роган за нивното ривалство во кафезот по борбата рече: Кога ќе загуби двапати во две борби, за какво ривалство зборуваме.

Џонс му се заблагодари на Кормиер кој го инспирирал за враќањето и настапот со кој обезбеди уште еден аргумент во расправата за најдобриот ММА борец на сите времиња.

Кормиер го заврши зо граунд и паунд откако го здрма со лев висок удар и си ја врати титулата во полутешка категорија која ја држеше од 2011 до 2015 година. Ова му беше првиот меч по истекот на суспензијата поради пад на допинг тест.

„Ги сакам моите фанови, имам најлојални навивачи“, рече Џонс во октагонот по борбата.

„Дури и мразители, сите тие работи што ги рековте, ве сакам поради тоа што ме мотивиравте“.

Ова беше 14-тата последователна победа по контроверзниот пораз против Мет Хамил во 2009 година.

„Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на Даниел Кормиер, затоа што беше мојот најголем ривал и најголем мотиватор. Тој беше примерен првак и голем човек. Тој ќе остане вистински шампион до крајот на животот“.

Џонс потоа се сврте спрема новиот предизвик, на поранешниот шампион во тешка категорија, Брок Леснар, кој повторно се повлече од ММА, по падот на допинг тестот за за борбата со Марк Хант.

„На Брок Леснар. Дојди во октагонот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО