Џони Хендрикс се пензионира од ММА

Поранешниот шампион во полусредна категорија, Џони Хендрикс, официјално се пензионира од ММА на 34-годишна возраст, со скор 18-8, а 9 победи се со завршување (8 нокаути и еден сабмишн).

„До тука, се пензионирам од ММА светот. Многу време размислував за тоа. Ја донесов одлуката пред две недели, но сакав да бидам сигурен. Ќе се јавам во УФЦ и ќе и кажам дека завршив. Ќе и соопштам и на УСАДА“.

Се смета за еден од најдобрите борци во категоријата со неговата тешка левица, Хнедрикс во последниве години не беше којзнае колку активен – особено откако се пресели во средна категорија, при што имаше проблеми со тежината.

Всушност, изгуби пет од последните шест средби, три пати беше завршуван. Непријатен крај за борец кој се сретнал со Жорж Сент Пјер, додека сè уште беше со скор 15-1.

Хендрикс оди понатаму и најверојатно ќе продолжи да тренира со колегите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО