Тренерот на Мек Грегор го преферира Нејт Дијаз

Џон Каванаг, главниот тренер на Конор Мек Грегор, е со спротивно мислење од она на навивачите кои сакаат да ја видат средбата со Хабиб Нурмагомедов, а тој го преферира третиот меч со Нејт Дијаз, чиј скор е 1-1. Според него Дијаз ќе биде поинтересен предизвик за неговиот ученик.

„Патем, Нејт Дијаз е мојот омилен противник. Ако треба да го одберам следниот противник, ќе го посочам него. Сфаќам дека навивачите не го посакуваат толку колку Хабиб, но би сакала Мек Грегор се сретне во реванш меч против Нејт“.

Каванаг истакнува Нејт е поголем и потежок за нокаут, што ја прави средбата поинтересна.

„Конор ги нокаутира по ред сите, но со средбата со Нејт беше со тешкотии. Храбро се бори, победува, освојува титули – забавно е, но не толку. Нејт Дијаз е сериозен предизвик за него“.

Колку и да е лудо, можеби Каванаг има право – на средбата Хабиб сигурно ќе оди партер позиција, а Мек Грегор во стоење. Меѓутоа, стиловите на Мек Грегор и Дијаз гарантираат поинтересен меч.

Првиот пораз на Мек Грегор од Нејт Дијаз се случи на УФЦ 196, но му се реваншира на УФЦ 202.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО