Џон Џонс падна на допинг тестот!

Среќата не траеше долго за Џон Џонс. Новопечениот шампион на УФЦ падна на допинг тест пред УФЦ 214!

Веста беше потврдена од страна на УФЦ на нивните официјални страници. Според некои медиуми, УФЦ ќе му го одземе појасот Џонс и ќе го врати на првичниот сопственик – Даниел Кормиер. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги негираше овие информации и му кажа и на ЕСПН му рече дека компанијата сè уште не донела одлука за тоа.

Според досега познатите информации, Џонс паднал на тестот по мерењето за УФЦ 214, однонсо на 28 јули, потврди УСАДА. Наводно, во телото кај контроверзниот борец е пронајден стероидот туринабол, за кого е пропишана суспензија од најмалку две години, односно подолга суспензија за престапниците кои се „повторувачи“.

Џонс падна на допинг-тестот и во очи на УФЦ 200, а тогаш беше суспендиран една година. Во телото му пронајдоа кломифен и летрозол. Подоцна се бранеше дека употребувал таблети за потенција.

Со оглед на тоа декамечот во Анахајм го регулираше од Атлетските комисија на Калифорнија и тие се огласија…

„Атлетската комисија на Калифорнија е информирана за падот на допинг-тестот на Џон Џонс и во моментов се занимава со овој случај. Комисијата внимателно ќе и пристапи на целата работа и ќе ги преземе сите мерки за подобро да го анализира случајот. Како и сите борци и г-динот Џонс има свои права, а Комисијата, заедно со УСАДА, ќе работи на тоа да ги добие на сите потребни информации“, стои во изјавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО