Мек Грегор ја покажа телесната подготвеност три дена пред борбата (ФОТО)

Останаа само три дена Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор, а ирскиот борец изгледа понабилдан и понабиен од кога било досега.

Со својата форма се пофали со објави на Инстаграм и мора да признаеме дека не очекувавме дека  Мек Грегор на овој начин ќе се подготви за мечот. Средбата е на тежина од 69,5 килограми, а Мек Грегор не изгледаше вака ни пред две борби против Нејт Дијаз, кога се бореше со седум килограми повеќе.

Со одлична подготвеност неодамна се пофали и 11 години постариот Мејведер, така што може да заклучиме дека и двајцата сериозно си ја сфатиле работата. Единственото прашање е каква ќе биде кондицијата на Мек Грегор со никогаш поизразената мускулна маса. Но, тој и онака најави дека мечот нема да трае подолго од две рунди, па веројатно така и се подготвувал.

Погледнете ги приложените фотографии.

https://www.instagram.com/p/BYFYiS6g4nM/

https://www.instagram.com/p/BYFYsX2ANmd/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО