Џон Џонс: Борбата со Леснар ќе е на исто рамниште со онаа на Мек Грегор и Мејведер

Џон Џонс не еднаш рекол дека е инспириран од Конор Мек Грегор, за да се осмели да бара многу повеќе пари, а што некогаш изгледало невозможно во мешаните боречки вештини. И бидејќи се очекува Ноториус да го подигне најголемиот чек во својата кариера на 26 август 2017 година против Флојд Мејведер, Коски (Bones) се угледувајќи се на Ирецот ја предизвика на дуел ѕвездата на ВВЕ и поранешен шампион во тешка категорија на УФЦ, Брок Леснар.

Според Џонс, битка меѓу него и Леснар е рамна на битката меѓу Флојд и Конор.

„Ова е борба за пари. Мислам дека бев инспириран од Мек Грегор, ако треба да сум целосно искрен. За да се осмелите да стигнувате се повисоко и повисоко. Битката меѓу мене и Брок Леснар донекаде е иста со борбата меѓу Мејведер и Мек Грегор“, изјави Џонс за MMA Fighting.

„Многу луѓе би претпоставиле дека ќе ја загубам оваа борба. Леснар е супер спортист. Тој беше национален шампион во борење во дивизија-1. Да, тој е доста постар, но е изрод. Тој е редок талент. Не знам какви ќе бидат шансите за да ме победи“, додаде Џонс.

Во последната борба Џонс го нокаутира Даниел Кормиер во главната борба на УФЦ 214, при што ја освои титулата во полутешка категорија. Оттогаш, Коски веќе неколку пати се обидува да предизвика поранешниот шампион во тешка категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО