Младите џудисти на ЏК Дрим од Струга уште еднаш демонстрираа победнички дух освојувајќи три златни, еден сребрен и две бронзи на Меѓународниот турнир „Џудо куп Тиват“ во Црна Гора.
Златни медали освоија Дорјан Петкоски, Анамарија Стојмиловска и Марио Нелоски, Михаил Касниоски сребрен, додека на Стефан Попоски и Петар Дуноски и припаднаа бронзените.
Јаков Блажески и Берин Шабоски останаа без пласман.
„Полека но сигурно џудо спортот во Струга прераснува во водечки спорт со најмногу успеси, како на домашна така и на меѓународна сцена, благодарение на напорната работа и посветеноста на тренерите, на целокупната управа, а и на родителите на децата“, велат од ЏК Дрим.
Ipon.mk/В.Д.