Ентони Џошуа не сака да се бори со Кличко

entoni-dzosua-klicko-montaza

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа (17-0, 17 КО), направи листа со боксери кои сака да ги нокаутира.

Од Boxing News Annual му предложија на Британецот да избере тројца ривали со кои би сакал да се сретне во рингот, ако до крајот на неговата кариера може да одржи само три борби.

Изненадувачки, Џошуа не го спомена легендарниот поранешен двократен светски шампион, Владимир Кличко (64-4, 54 КО), со кого британскиот нокаутер треба да се сретне напролет.

„Само тројца ли можам да изберам? Тогаш тоа ќе бидат Тајсон Фјури, Дилиен Вајт и Дионтеј Вајлдер“, рече Џошуа.

Како што е познато, олимпискиот шампион од Лондон 2012 ќе ја има втора одбрана на светската титула на 10 декември во Манчестер против американскиот боксер Ерик Молина (25-3, 19 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО