Џиу џицу федерацијата и МВР го реализираа предавањето за штетноста на пиротехниката

policaec-predavnje

Македонската џиу-џица федерација во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го реализира предавањето за најмладата популација на тема: Како да се заштитиме од употребата односно злоупотребата на пиротехничките средства.

dan-kju-deca-slusaat-predavanje

Предавањето се одржа во просториите на клубот Дан кју од Скопје.

policaec-predavanje-2

Од клубот изразија благодарност за гостинот воедно и предавач – Благоја Стојановски, виш инспектор во СВР Скопје, дипломиран криминалист, практичар кој како и во илјадници други случаи во своето дводецениско работење, знаењето и искуство ги доближи и сподели со најмладите членови на клубот и присутните родители.

dan-kju-so-policaecot-predavnje

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО