Хабиб Нурмагомедов се согласи да се бори со Фергусон на УФЦ 209

habib-dava-izjava

Уште на 4 март можеше да разбереме кој е кандидат №1 за појасот во лесна категорија на УФЦ, но Тони Фергусон требаше да прифати дуел со Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 209 во Лас Вегас.

Бидејќи Хабиб веќе даде согласност да се бори на овој датум.

„УФЦ ме праша дали сакам да се борбам на УФЦ 209, а јас одговорив со „да““, изјави Игл/Орелот, додавајќи: „Го сакам овој дуел. Сакам да се борам со Тониу, а јас и целиот мој тим го очекуваме неговиот одговор“.

Се уште не се знае дали двајцата борци ќе се борат за привремената титула во лесна категорија. Сепак, Хабиб е на мислење дека тоа е вистински добар дуел меѓу двајца милитанти кои се во победнички серии.

„Јас против Фергусон, тоа е меч на вистинско високо ниво. Мислам дека досега немало таков меч во УФЦ, бидејќи зборуваме за двајца борци кои се во серија од девет и осум последователни победи. Тоа не се случило досега. Мислам дека е многу голем натпревар. Сите сакаат да го видат“.

Сега топката е кај Тони Фергусон, а во меѓувреме погледнете и краток видео сегмент со Хабиб Нурмагомедов:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО