Џиу џица репрезентацијата на прием во АСМ по успешниот семинар во Турција!

DSC09329

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денес имаше работна средба со челниците и репрeзентативците на Македонската Џиу-џица репрезентација, кои минатиот викенд од 01.05 до 03.05.2015, одржаа  тридневен семинар во Истанбул, на покана од Турската федерација.

Нашиот истакнат мајстор во џиу џица, Александар Ацевски, кој воедно е и претседател на Македонската џиу-џица Федерација, одржа семинари концепциски определени за самоодбрана од нож, но истовремено презентираше и други техники од џиу џицу. Додека пак, семинар во судиска едукација и правила одржа нашиот реномиран судија Зоран Ристевски, кој има важечка европска лиценца „Континентал „А“.

На средбата, на која присуствуваа и дел од репрезентативците, се разговараше за идните планови и актуелната состојба во џиу џица спортот кај нас и за предизвиците со кои се соочува федерацијата. Ацевски ги презентираше успесите, како на клупско, така и на репрезентативно ниво, посочувајќи дека во последниот период освоени се преку 15 медали ширум Европа.

Спасески се интересираше за следните активности и за одржувањето на традицоналиот турнир ”Скопје Опен 2015”, на чие отворање присуствуваше минатата година. Турнирот има одлична традиција и организација, а годинава во рамките на турнирот ќе се реализира и завршницата на Јадранската лига, каде учество ќе земат клубови и екипи од четири балкански држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО