Џиу џица: Многу сме јаки-бесплатен „Летен камп Охрид 2015“!

dziu dzicu rep so ace

Македонската џиу џица федерација прави преседан во македонското спортско битие во организирањето на семинарите и летово во Охрид организира беспалтен камп за натпреварувачите и за нивните родители.

Под мотото „Многу сме јаки“ од 18 до 22 јули Ќе се одржи „Летен камп-Охрид 2015“, со кој ќе раководи инструкторот Александа Ацевски.

-Целта е, како и секогаш, да покажеме грижа за сите свои членови. Сите заедно да вежбаме и да се дружиме и сите да имаат шанса да научат нешто ново (не само оние што имаат да платат, како што се случува во многу други клубови), – истакнува Ацевски.
Летниот камп ќе се одржи во мотелот „Младост“ во Охрид.

На кампот, претежно, ќе се работат техники за одбрана од нож и техники за полагање за повисоките појаси. Последниот ден ќе се одржи полагањето за повисоките појаси (кафеав,
црн појас 1дан и црн појас 2 дан).

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО