Џек и Дигејл ќе имаат меч за обединување на титулите

Dzek-Digejl

Двајцата од светските шампиони во бокс во супер средна категорија се очекува да се сретнат подоцна во текот на годинава во обединувачки натпревар. Баду Џек (Шведска) и Џејмс Дигејл (Англија) ги одбранија своите мечеви на иста галавечер во саботата. Швеѓанецот борбата ја заврши нерешено против романскиот ветеран Лучиан Бутел. Џејмс Дигејл беше убедлив. Тој на поени го доби Рохелио Медина.

„Ајде да ги обединиме титулите во категоријата, за да дознаеме кој е најдобар“, рече Дигејл.

Џек возврати дека е подготвен на сличен натпревар во август или септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО