Џек и Де Гејл ремизираа во борбата за обединување на титулите, а судијата се го доби (ВИДЕО)

Badu i De gejl

Борбата за обединување на светски титули во супер средна категорија што се одржа во Њујорк заврши со нерешен резултат.

По голема борба пред повеќе од 10.000 фанови во Баркли центарот ИБФ шампионот, Џејмс де Гејл (23-1-1, 14 КО и ВБЦ шампионот Баду Џек (20-1-3, 12 КО) ги задржаа своите појаси, бидејќи меч е прогласен за нерешен со мнозинска одлука на судиите.

Де Гејл со лев директ го соборуваше Швеѓанецот во првата рунда, но борбата заврши така што Џек го прати на подот лондонскиот боксер во 12 рунда. Тој нокдаун се покажа клучен, затоа што без него де Гејл ќе ја опднесеше победата. Судиите борбата ја бодуваа 113-113, 113-113 и 114-112 за де Гејл.

За време на борбата, Џек случајно го погоди со левата рака и судијата, а во 9 рунда де Гејл доби опомена од судијата Артур Месанте, бидејќи по вторпат за исфрли гумата од устата.

По борбата де Гејл имаше расправија со Флојд Мејведер, кој е убеден дека неговиот борец требало да победи.

Реваншот се чини е логичниот исход, но Мејведер планира Џек да помине во полутешка категорија, бидејќи Швеѓанецот стана преголем за супер средна.

Џејмс де гејл по борбата рече: „Ми го пукна тапанчето и изгубив заб. Мислев направив доволно, но нокдаунот одлучи“.

33-годишниот Џек ремизираше и својата претходна борба против Лусијан Буте во април.

https://youtu.be/Mig4xVfMm4M

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО