Девин Хејни договори меч против Рајан Гарсија

Боксерскиот календар за оваа година продолжува да биде исполнет со интересни натпревари. Имено, Рајан Гарсија (24-1) и Девин Хејни (31-0) се договорија за пресметка која ќе се одржи на 20 април на ревија во Лас Вегас.

Девин до крајот на минатата година беше апсолутен шампион во лесна категорија, но ги ослободи титулите и се пресели во повисока категорија.

Во декември го победи Режис Програис со едногласна одлука на судиите и така стигна до појасот на ВБЦ во суперлесна категорија, а првата одбрана на титулата му е против Гарсија.

Рајан не е толку успешен како Девин, бидејќи досега го освои само сребрениот појас на ВБЦ во лесна категорија. Тој имаше одлична можност да направи пробив на светската сцена минатиот април.

Имено, Гарсија потоа боксуваше против Џервонта Дејвис и загуби со нокаут во седмата рунда. Кинг Рај својот последен меч го имаше во декември кога го победи Оскар Дуарте со нокаут во осмата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО