Дана Вајт го најави можното враќање на Конор Мек Грегор наесен

Во јули 2021 година ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор ја скрши ногата во борбата против Дастин Пориер и веднаш беше јасно дека го чека долга пауза.

Повредата беше санирана, а Ноториус се врати во сала. Почна да тренира, а фановите беа воодушевени кога минатата година ја играше улогата на тренер во шоуто Ултимејт фајтер со Мајкл Чендлер.

Двајцата требаше да се соочат во октагонот на крајот од сезоната, но натпреварот не беше договорен. Конор, исто така, долго време е надвор од анти-допинг протоколот на УСАДА.

Но, сега тоа стана ирелевантно, бидејќи од почетокот на годината УСАДА повеќе не соработува со УФЦ.

Ирецот околу Нова година објави видео во кое го најави своето неизбежно враќање во октагонот, но изгледа дека тоа би можело да биде продолжено уште некое време.

„Се надевам дека Конор ќе се врати на борбите оваа година, но се уште не знам кога. Тоа би можело да биде некаде наесен, тогаш би можеле да му договориме меч“, изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО