Даниел Димевски доби нов мандат да го води МОК

Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, останува на местото прв човек на МОК, откако вчера на редовното изборно Собрание кое се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје доби мнозинство гласови.

Со големо мнозинство, 45 гласа ЗА, осум против и два воздржани, Димевски и во следните четири години ќе раководи со Македонскиот олимписки комитет.

Даниел Димевски застана на чело на МОК во октомври 2020 година, наследувајќи го на должноста долгогодишниот претседател Васил Тупурковски.

Пред неколку дена имаше обид и за Вонредно Собрание, но Иницијаторите за промени не успеја да обезбедат кворум (најмалку 31 присутен делегат) за смена на Димевски. Денеска, пак, од вкупно 61 делегат на Собранието присуствуваа 55 делегати кои одлучија да ја дадат довербата на Димевски и во следните четири години да го предводи МОК.

Список на тие што се дел од МОК (види ТУКА) и што имаат право на глас.

Токму на ова има забелешка дека на некои федерации им е оневозможено да гласаат, односно некој предвреме ги исфрлалил од списокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО