Девет медали за Тигри на таеквондо турнирот „Топ Тирана опен“

Таеквондо клубот Тигри изминатиов викенд освои девет медали на Меѓународниот турнир „Топ Тирана опен“.

Во конкуренција на над 500 натпреварувачи од 9 земји, клубот освои 2 златни, 1 сребрен и 6 бронзени медали, од кои 8 се во А класа.

Медали во А класа освоија:
1.Ивона Давиткова – бронзен медал (сениорки – 53кг)
2.Мила Рељиќ – златен медал (јуниорки – 68кг)
3.Александар Петровски – сребрен медал (јуниори – 59кг)
4.Ања Пејиќ – бронзен медал (јуниорки – 63кг)
5.Виктор Петковски – бронзен медал (кадети – 45кг)
6.Александра Крстиќ – бронзен медал (кадетки – 55кг)
7.Андреа Крстиќ – бронзен медал (кадетки – 37кг)
8.Михаило Рељиќ – бронзен медал (катеди – 57кг)
Во Б класа:
1.Петар Ивановски – златен медал (кадети +65кг)

Од клубот се задоволни од резултатите од натпреварувачите, посебно од феномеланите двер победи на јуниорот Александар Петровски за влез во финалето, потоа златниот медал на Мила Рељиќ кој е втор во низа, додека Петар Ивановски веќе има три златни медали во низа во Б класа (Омега опен во март во Белград, Скопје опен во април).

„Одлични борби покажаа и Александра Крстиќ, а посебно Виктор Петковски кој во првото коло победи со технички нокаут и со разлика од 20 поени, а во полуфиналната борба по нерешен резултат и зададен удар на Виктор во глава, судиите под крајно нејасни околности победата му ја дадоа на противникот од Грција. И овојпат, како и за натпреварот во март во Белград, превозот за натпреварувачите беше бесплатен и третина од котизацијата беше покриена од страна на клубот. Следен натпревар е на 26 мај во Ниш на Астерикс опен, каде што се очекува да учествуваат околу 900 натпреварувачи од 9 земји“, велат од Тигри.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО