Единаесет медали за Нинџицу клубот Битола на „Софија опен“

На меѓународниот џиу џицу и граплинг турнир „Софија опен“ во Софија, Бугарија, Нинџицу клубот Битола освои 10 медали – 7 златни, 2 сребрени и 2 бронзи.

Медали освоија Филип Божиновски во категорија професионални (напредни) до 80 кг злато во кимоно и злато без кимоно, во апсолутна е втор и е прогласен за најдобар борец на турнирот.

Бојан Милески во средна категорија освои злато во граплинг. Во кимоно немаше пријавено противници и ја освои апсолутна категорија во средна дивизија во сите тежини.

Горан Крстановски освои злато во граплинг во средна дивизија до 68 кг и второ место, со тоа што до финале стигнаа заедно со клупскиот другар Марио Вељановски.

Марио Вељановски освои злато во џиу џицу со кимоно и злато во апсолутна дивизија за почетници и го продолжи победничкиот ритам на натпрверарувањата.

„Игор Додевски на почетокот на првата борба се здоби со повреда и ги откажавме сите борби. Се надеваме дека не е страшна повреда и дека ќе може да одработи ММА борба во Полска на 1-ви март во Кејв ММА“, истакна тренерот Сашко Мирчевски и нагласи:

„Имавме добри настапи, демонстрации на добри техники и одржување на натпреварувачи за следните турнири што ни претстојат. Следува и корекција на грешките, каде што дефинитивно можевме и знаеме подобро, но што е тука е.

Имаме шампиони во две апсолутни дивизии и турнир кој беше одличен тест да се виде до каде сме и што сме моментално“.

Следниот период натпреварувачи од клубот имаат професионални борби во ММА, а за турнирот во Ниш ќе се подготвуваат со многу поголема екипа од деца и возрасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО