Дерик Луис, поранешениот предизвикувач на првакот во тешка категорија, ужива во паузата, откако пред три недели го совлада Алексеј Олејник на настанот на УФЦ.
Тој на својот Инстаграм профил објави видео каде си игра со својот син, но играта можеше да заврши катастрофално. На снимката се гледа како Луис седнува на „квад“ пред куќата и го става својот мал син во скутот. Сепак, пред да се сместат, неговиот син случајно го придвижил возилото што удрило во камен ѕид во близина на куќата, срушило дрво и се свртело за 180 степени.
https://www.instagram.com/p/CEX90b6lphU/?utm_source=ig_embed
За среќа, Луис успеа да остане смирен и презеде контрола над возилото, така што тој и неговиот син излегоа неповредени од потенцијално многу опасна ситуација. Луис го објави видеото на својот Инстаграм профил и напиша „Ние сме добро“.