Тајсон Фјури: Ќе го нокаутирам Ентони Џошуа во првата рунда

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури верува дека ќе го нокаутира Ентони Џошуа во првата рунда.

Пред неколку недели потпишаа договор за две борби во следната година. Фјури во декември се очекува да има трета борба со Дионтеј Вајлдер, а се очекува Џошуа да се бори со Кубрат Пулев.

Ако двајцата успеат да ги задржат своите титули, тогаш нивната средба ќе биде една од најголемите во историјата. Фјури го држи појасот на ВБЦ, а Џошуа е шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Неодамна Фјури реши да одговори на прашања што неговите фанови ги поставуваат на социјалните медиуми, а еве што рече кога го прашаа за битката со Џошуа:

„Ќе го победам Ентони Џошуа во првото коло. Мојот омилен удар е лев директ во лицето“.

https://www.instagram.com/p/CEY24SFpcLC/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО