Алекснадар Ракиќ го победи Ентони Смит (ВИДЕО)

Александар Ракиќ го победи поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија Ентони Смит во главната борба на УФЦ Фајт најт 175 во Лас Вегас.

Сите очекувавме силен судир во стој, но така не се случи. На почетокот на борбата, Ракиќ многу силно го удри Смит, кој ја загуби рамнотежата и падна на партер. Смит некако го фати грбот на Ракиќ и ги сврте работите и постигна силен граунд и паунд. Тотална доминација од страна на младото момче во првата рунда.

На почетокот на втората рунда Ентони силно го удри противникот, кој веднаш ја однесе битката на партер. Ракиќ повторно го удри Смит и се обиде да го скрши, но не успеа. До крајот на рундата, Ракиќ доминираше. Помеѓу паузите тимот на Смит му порача да оди на завршница, затоа што го губи мечот. Сепак, Ентони не успеа да направи нешто за да го загрози противникот. Ракиќ го здрма Смит со удар во телото и главата на почетокот на последната рунда. Александар повторно постигна удар и се потпре на граунд и паунд.

Кон крајот Ентони успеа да застане, но веќе немаше време да направи нешто. Битката стигна до одлука, која беше едногласна во корист на Ракиќ – (30-26, 30-27, 30-27). Со оваа победа, Ракиќ се врати на победничката патека откако дојде со пораз на Оездемир. Смит повторно се бореше лошо и влезе во серија од два последователни порази.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=dXUFmqMBbq0&feature=emb_logo

https://www.instagram.com/p/CEf5bl_HO_V/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEf5nL6ngZb/?utm_source=ig_embed

УФЦ Фајт најт 175 – Резултати
Александар Ракиќ – Ентони Смит – едногласна одлука на судиите
Нил Магни – Роби Лолер – едногласна одлука на судиите
Алекса Грасо – Ји Јеон Ким – едногласна одлука на судиите
Рикардо Ламас – Бил Алгео – едногласна одлука на судиите

Импа Касанганај – Маки Питоло – едногласна одлука на судиите
Зак Камингс – Алесио Ди Чирико – едногласна одлука на судиите
Алекс Касерес – Остин Спрингер – ЗАВ (Р1 3:38)
Шон Брејди – Кристијан Агилера – ЗАВ (Р2 1:47)
Полијана Вијана – Емили Витмир – ЗАВ (Р1 1:53)
Малори Мартин – Чиферс Хана – ЗАВ (R2 1:33)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО