Нил Магни доминираше против Роби Лоулер

Борбата на борците во полутешка категорија Нил Магни и Роби Луолер на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас заврши со одлука на судиите во корист на Магни – (30-27, 30-27, 30-27).

На почетокот на битката Магни почна со удар, а Роби одговори со силен лев удар  во телото. Луолер бараше клинч, каде што зададе неколку крошеа, но Магни ги сврте работите и бараше завршница. Роби стана, но Магни повторно му се закани со обид за завршница и го сруши на партер.

Двајцата стануваа и влегуваа во клинч, каде Магни го казнуваше противникот со тешки удари. Во втората рунда, Нил брзо ја пренесе борбата на земја, каде што доминираше, а се обиде да стави крај на борбата со завршница. Роби стана, но Магни го удри уште неколку пати. Во третата рунда Магни удираше со нозе, а Роби возврати. Нил повторно ја пренесе борбата на партер, каде што немаше никакво дејство и судијата ги дига на нозе.

Роби турка со удари, но Нил не му остананува должен. Магни не сака ништо да прави со Лоулер и го соборува повторно. Роби застанува, но само да поднесе повеќе удари и да го заврши мечот. Победник со едногласна одлука е Нил Магни. Ова е трета последователна победа за Магни оваа година. Лоулер влезе во серија од четири последователни порази и доби само една од последните шест борби во УФЦ.

УФЦ Фајт најт 175 – Резултати
Александар Ракиќ – Ентони Смит – едногласна одлука на судиите
Нил Магни – Роби Лолер – едногласна одлука на судиите
Алекса Грасо – Ји Јеон Ким – едногласна одлука на судиите
Рикардо Ламас – Бил Алгео – едногласна одлука на судиите

Импа Касанганај – Маки Питоло – едногласна одлука на судиите
Зак Камингс – Алесио Ди Чирико – едногласна одлука на судиите
Алекс Касерес – Остин Спрингер – ЗАВ (Р1 3:38)
Шон Брејди – Кристијан Агилера – ЗАВ (Р2 1:47)

https://www.instagram.com/p/CEf1fxpH0Vv/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО