Најголемата светска промоција на ММА организираше уште еден фантастичен настан во сободна борба, на чело со пресметката во тешка категорија меѓу Дерик Луис и Родриго Насименто.
Црниот ѕвер е на настанот УФЦ на ЕСПН 56 во Сент Луис со прекин во третата рунда го победи бразилскиот борец Родриго Насименто.
Американецот рутински ја заврши работата, а секој пат успешно се бранеше од обидот на Насименто да ја однесе борбата на партер.
Во првата минута од третата рунда Луис ја заврши работата. Погоди преден лев директ и додаде уште еден одличен удар.
Бразилецот заврши на поодт, а Дерик нападна од горна позиција и го принуди судијата да ја прекине борбата.
DERRICK LEWIS ADDS ANOTHER KNOCKOUT TO HIS RESUME OVER RODRIGO NASCIMENTO #UFCStLouis https://t.co/672s942nNM
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) May 12, 2024
Тоа беше 15-та победа на Луис со нокаут во УФЦ.
THE KNOCKOUT KING DOES IT AGAIN 👑@TheBeast_UFC gets the 3rd round KO at #UFCStLouis pic.twitter.com/lPEUX6WxiY
— UFC (@ufc) May 12, 2024
View this post on Instagram
Во конасловната борба Хоакин Бакли со едногласна одлука на судиите го победи Нурсултон Рузибоев.
Тоа беше четврта последователна победа за Бакли откако се врати од средна во велтер категорија.
Новозеландецот Карлос Улберг ја заврши борбата против Алонзо Менифилд за само 12 секунди.
Имено, веднаш започна отворена битка во која Менифилд доби предност.
Улберг набрзина го нокаутира противникот и ја забележа шестата победа во низа и потврди дека е подготвен за уште поголем исчекор.
Во дуелот во лесна категорија Карлос Диего Фереира го победи Матеуш Ребеки со прекин во третата рунда.
Шон Вудсон и Валдо Кортес-Акоста остварија нови победи со судиска одлука…
Резултати од УФЦ на ЕСПН 56:
Дерик Луис – Родриго Насименто – ТКО (удари), Р3 (0:49)
Хоакин Бакли – Нурсултон Рузибоев – едногласна одлука на судиите (30–27, 30–26, 29–27)
Карлос Улберг – Алонзо Менифилд – КО (удари), Р1 (0:12)
Карлос Диего Фереира – Матеуш Ребецки – ТКО (удари), Р3 (4:51)
Шон Вудсон – Алекс Касерес – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Валдо Кортес-Акоста – Робелис Деспања – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Воведни борби:
Чејс Хупер – Виачеслав Боршчев – завршница (брабо давење), Р2 (3:00 часот)
Естебан Рибовиц – Теренс Мекини – КО (удар во глава), Р1 (0:37)
Табата Ричи – Тесија Пенингтон – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Треј Вотерс – Били Гоф – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Чарлс Џонсон – Џејк Хедли – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Вероника Харди – Џеј Џеј Олдрич – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).