Дерик Луис едвај чека да има реванш со Фрeнсис Нгану. Дана Вајт веќе ги објави плановите на УФЦ за реванш меѓу нив за титулата во тешка категорија ова лето. Црниот ѕвер тврди дека сè уште нема ништо официјално во врска со нивата средба.
Нгану и Луис првпат се бореа во 2018 година и нивната борба беше една од најздодевните во историјата на УФЦ. Двајцата си оддадоа преголема почит и се плашеа да разменат удари. На крајот, по 15 минути свиркање, Луис излезе како победник со одлука на судиите.
Реваншот меѓу нив е неизбежен, а Луис е подготвен да го стори тоа за 8 милиони.
„Мојата битка со Френсис Нгану сè уште не е официјална. Не знам што ќе се случи. Изгледа дека сака да се усогласи со Џон Џонс. Нгану навистина се обидува да ме игнорира. Вака изгледаат работите, но да се надеваме дека ќе стане официјално. Го ценам она што го прави Џонс и му благодарам.
Сепак, јас не сум алчна личност и можам да се борам за 8 милиони долари. Можам да ги прифатам овие минимум 8 милиони. Вечерва можам да се борам за тие пари. Му ја кажав цената на менаџерот и му реков да не ме бара ако не ја понудат таа плата. Втората битка со Нгану мора да биде поинаква.
Не може да биде полошо од првиот меч. Треба да биде подобро и верувам дека ќе биде. Двајцата многу се подобривме по првата битка. Би било лудо да се стане шампион. Ова ќе биде инспирација за многу луѓе кои биле во моја позиција. Почнав од нула и станав шампион во тешка категорија. Ќе биде лудо“, изјави Луис за втората битка со Нгану.