Дерик Луис го нокаутира Олејник и влезе во историјата (ВИДЕО)

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Дерик Луис го нокаутира Алексеј Олејник во главната борба на УФЦ на Вегас 6, што заврши во раните утрински чаосви во Лас Вегас.

Нивниот меч заврши 21 секунда по почетокот на втората рунда. Дерик Луис успеа да се справи со искусниот ветеран и го нокаутираше по серијата тешки удари.

Во првата рунда Луис веднаш тргна на нокаут, но двајцата ја скратија дистанцата и борбата се пресели на партер, таму разменуваа доминантна позиција.

Олејник преовладуваше на средина од рундата и се обиде да го заврши Дерик, кој преживеа и не се предаде. На почетокот на втората рунда, Дерик повторно почна многу агресивно и зададе летечко колено во градите на Олејник. Следеше силна десница која го прати Олејник во нокдаун. Дерик го нападна беспомошниот Олејник со силни удари, а судијата го прекина мечот.

Ова е прва убедлива победа на Луис по подолго време, откако неговите претходни две беа со доста контроверзни одлуки. Со овој нокаут Дерик го зазеде првото место во рангирањето за најмногу победи со нокаут во тешка категорија на УФЦ. Луис ги замени Каин Веласкез и Жуниор дош Сантос и сега има 11 победи со нокаут во УФЦ. Дерик влезе во серија од три последователни победи и рече дека ќе се врати во декември. Повторно се појави со својот хумор и во пост-борбеното интервју предупреди дека треба да завршат побрзо затоа што му се оди по нужда. За Олејник ова беше крај на серијата од две последователни победи.

УФЦ фајт најт 174 – Резултати
Дерик Луис – Алексеј Олејник – ТКО (Р2 0:21)
Крис Вајдман – Омари Ахмедов – едногласна одлука на судиите
Дарен Стјуарт – Маки Питоло – СУБ (Р1 3:41)
Јана Куницкаја – Јулија Столијаренко – едногласна одлука на судиите
Бенеил Дариуш – Скот Холцман – КО (Р1 4:38)

Тим Минс – Лореано Старополи – едногласна одлука на судиите
Кевин Холанд – Јоакин Бакли – ТКО (Р3 0:32)
Насрат Хапараст – Александар Мујоз – едногласна одлука
Ендру Санчез – Велингтон Турман – КО (Р1 4:14)
Гавин Такер – Џастин Џејнс – со завршување (Р3 1:43)
Јусеф Залал – Питер Барет – едногласна одлука на судиите
Ирвин Ривера – Али ал Ќаиси – поделена одлука на судиите

https://www.instagram.com/p/CDp0gXHp4n-/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDp1HawDYAv/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDp0ThPgM_B/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО