Мајк Тајсон пушти уште едно брутално видео

Легендата на боксот, Мајк Тајсон (54), повторно ја крена завесата за да покаже како се подготвува за неговото враќање.

Железениот Мајк следниот месец во Калифорнија влегува во рингот за прв пат по 15 години. Ќе се бори со уште една легенда, Рој Џонс. Нивниот меч е во осум егзибициски рунди во кој нема да има судии, а борбата ќе биде прекината доколку еден од нив добие повреда.

Мајк доаѓа со серија од два порази во низа и во последна битка загуби со одлука на судиите од Кевин МекБрајд во 2005 година. Тајсон не се враќа да заработи пари, туку средствата да ги донира во добротворни цели. Нема да земе ниту денар од битката со Џонс, сè  ќе донира што ќе заработи. Цената за платено гледање што навивачите треба да го платат за да го гледаат мечот е 50 долари.

Ова е видеото што го објави Тајсон:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО