Крис Вајдман го совлада Омари Ахмедов со одлука на судиите

Поранешниот шампион во средна категорија, Крис Вајдман, со едногласна одлука на судиите (29-27, 29-27, 29-28) го победи  Омари Ахмедов на УФЦ Фајт најт 174 во Лас Вегас.

Во првата рунда Крис успеа да ја наметне својата тактика со скратување на растојанието и доведување на борбата во партер. Вајдман доминираше над Ахмедов и му задавше удари на партер. Имаше неколку размени удари во стоење, но повеќето од борбата се одвиваше на партер.

Во втората Омари успеа да му се спротивстави на Вајдман и го казни со некои добри погодоци. Ахмедов имаше соборување му зададе граунд и паунд на Вајдман. Оваа рунда беше далеку поизедначена од првата и, според многумина, Ахмедов ја освои. Во третата рунда најголем дел од борбата се одвиваше на партер, каде што доминираше поранешниот шампион и се обиде да го заврши противникот, но не успеа. Вајдман не дозволи Ахмедов да се исправи и опсипуваше со удари. Крис успеа да запише над 7 минути контрола во битката, така што судиската одлука беше недвојбена.

Со оваа победа, Вајдман ја прекина серијата од два последователни порази со нокаут. Тој победи за прв пат по 3 години и сега може да земе здив. Од друга страна, Омари ја загуби победничката низа од 5 последователни победи и веројатно уште еднаш нема да добие ваква шанса да блесне во УФЦ.

https://www.instagram.com/p/CDpx6OTnmiS/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDpxlMEpi-_/?utm_source=ig_web_copy_link

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО