Деревјанченко го згази поранешниот светски првак Сем Солиман (ВИДЕО)

Sregej Derevjanenko Soliman

Сергеј Деревјанченко – Техничарот го смете поранешниот светски шампион во средна категорија Сем Солиман во борбата во американскиот Машантакет.

30-годишниот Украинец (9-0, 7 КО) дојде до најголемата победа во кариерата, запирајќи го во втората рунда 42-годишниот Солиман (НЦ 44-14-1, 18 КО). Австралијаневот е поранешен шампион во ИБФ и во претходните 58 натпревари само еднаш загуби со прекин.

Деревјанченко веќе во првата рунда го соборуваше Солиман кој се обиде да го изненади противникот со невообичаено движење. Првата успеа да ја преживее, но во втората немаше спас за поранешниот светски шампион и по уште две броење судијата ја прекина борбата.

https://youtu.be/SZATti_wK2M

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО