Дерек Чисора тежи четири килограми повеќе од Кубрат Пулев

Мечот меѓу Дерек Чисора и Кубрат Пулев во денешната втора тешкашка пресметка во „О2 арената“ во Лондон, шест години по нивната битка во 12 рунди за европската титула во тешка категорија, која ја доби бугарскиот боксер.

Чисора (32-12, 23 КО) на мерењето пред мечот се појави во маска со ликот на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој си понесе оставка оваа недела, откако претходно јавно му даде поддршка.

41-годишниот Пулев (29-2, 14 КО) во претходниот меч го совлада на поени Џери Форест во првиот меч по поразот од Ентони Џошуа со нокаут во 2020, додека Чисора ги загуби последните три меча, сите на поени, вклучувајќи два порази на поени од Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО