Нов тежок пораз на Антонио Силва! Бигфут го загуби боксерскиот меч со прекин (ВИДЕО)

Поранешниот предизвикувач за шампионскиот појас на УФЦ, 42-годишниот Бразилец Антонио Силва ја продолжи серијата порази во професионалната борбечка кариера.

Пред две недели Бигфут загуби од Олег Попов со нокаут во втората рунда на настанот ММА Серија 53 во Москва, а сега се се повтори.

Антонио Силва учествуваше на боксерски настан и загуби со прекин во втората рунда од Вјачеслав Дацик, кој има подебело криминално досие.

На почетокот на втората рунда Русинот нападна бурно, а Бигфут немаше одговор.

Вјачеслав ја однесе борбата до аголот на рингот и продолжи да удира додека Силва повеќе не можеше да се брани.

Во тој момент судијата го прекина мечот, а Бразилецот едвај стоејќи стигна до својот агол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО