Емил Павлов остана без медал на Светските игри

Емил Павлов не оствари добар резултат на Светските игри во Бирмингем, САД.

Павлов во Б групата забележа три порази, прво од Бразилецот Винициус Фигуеира, потоа од Ксенос Дионисиос (Грција) и од Соичиро Нкано (Јапонија).

Бразилецот го освои златниот медал откако во финалето славеше против Ивс Маршал Тадиши (Унгарија) со 4-0, а Ксенос Дионисиос (Грција) се закити со бронзата по победата над Лука Мареска од Италија 1-0.

Резултати:
Група Б
-67 кг
Емил Павлов – Винициус Фигуеира (Бразил) 0-4
Емил Павлов – Ксенос Дионисиос (Грција) 0-6
Емил Павлов – Соичиро Нкано (Јапонија) 0-4

Група А
Хозе Хернандез (САД)
Камило Велзо (Чиле)
Ивс Маршал Тадиши (Унгарија)
Лука Мареска (Италија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО