Дерек Брансон активно се вклучи да му помогне на Веласкез, донирајќи десет илјади долари

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез е обвинет за обид за убиство и се соочува со повеќегодишна затворска казна.

Инцидентот се случил во калифорнискиот град Морган Хил.

Веласкез го застрела Хари Гуларте, кој наводно малтретирал член на неговото семејство, но го промашил и го ранил неговиот очув Пол Бендер.

Многу борци го поддржаа, меѓу кои и Дерек Брансон.

Борецот во средна категорија на УФЦ на својот Твитер изјави дека се собрани десет илјади долари за да бидат донирани на сопругата на Каин.

Парите ќе продолжат да се собираат за правните трошоци на Веласкез.

Набргу по инцидентот Дерек направил маици за да ја покаже својата поддршка за поранешниот колега.

Според пишувањата на американските медиуми, Каин ангажирал еден од најдобрите правни тимови во Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО