Денот на тајландскиот бокс: Мите Ашкилов и Марио Здравковски најдобри!

Slika 4 od Cak

Денот на талјандскиот бокс беше одбележан и во нашата земја, а тоа е 6 фебруари. Во знак на солидарност и единство, секоја земја одделно и во сопствена режија го прославува „Денот на тајландскиот бокс“. Македонската федерација, како и претходните години, така и оваа, мотивирана од успесите, го прослави работно и свечено.

Во работниот дел раковдството имаше состанок, при што Иван Тошиќ информираше за средбите со генералниот секретар на ЕМФ, Рафал Шлачта и генералниот секретар на ИФМА, Стефан Фокс. И двајцата секретари со задоволство информирале за напредокот на спортот во глобални рамки:

Ivan Tosik i Rafal Salcata
Иван Тошиќ и Рафал Шалчта
  • Тајландскиот бокс од оваа година е дел од Унирвезитетските игри под патронажа на ФИСУ (International University Sports Federation). Настан што ја прави 2015 година посебно интересна и историска за тајландскиот бокс.
  • Тајландскиот бокс е екслузивна и неоспорна дејност на ИФМА и само на ИФМА. Ова е кратко резиме по писмото што легендарниот Стефан Фокс му го предаде на Тошиќ. Во писмото е објаснето дека WMF (World Muay Thai federation) нема право да настапува на натпревари организирани под закрила на МОК (Меѓународен олимписки комитет), нема право да прогласува светски шампиони, не смее да го користи логото на МОК, и, конечно, влдата на Кралството Тајланд не ја признава WMF.

„Со овие писма се поставува ред во спортот Тајландски бокс во светски рамки. Нема повеќе успеси од типот „кој појде освои медал“. Се надеваме дека и македонската влада ќе има волја да ги спроведе овие препораки, се наведува од Македонската федерација за тајландски бокс.

Ivan Tosic i Foks
Иван Тошиќ и Стефан Фокс

Македонија доби интернационален судија со лиценца и право за организирање курсеви за судии, што секако ќе го зголеми бројот на преставници на нашиот тим на натпреварите.

Slika 3 od Cak

Во вториот дел на прославата се одржа тренинг на репрезентацијата и беа врачени плакети за најдобрите во минатата година: Мите Ашкилов и Марио Здравковски. Се планираат кандидатите за учество во Евролигата. Темпото на лигата станува се побрзо и ќе мора поголем број натпреварувачи да земат учество.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО