Денис Муаремовски ќе дебитира во професионалниот бокс на 23 септември

Битолскиот боксер Денис Муаремовски остави одличен впечаток во Регионалната боксерска лига (РБЛ) настапувајќи за екипата на Пинк Пантер од Штип, од коло во коло беше подобар, при што извојува неколку значајни победи. Неговиот успех е голем, бидејќи Муаремовски тренира речиси сам. Но, на 23 септември прави нов исчекор во кариерата, ќе ја одработи првата професионална борба во казиното Фламинго во Гевгелија.

„Ќе дебитирам во професионалните води во боксот. Покрај искуството што го имав во полусезоната во Регионалната лига со Пинк Пантер, мислам дека е вистинското врема да продолжам во професоналните води. Мојот прв протвник е од Грција, Панагиотис Мацагос, кој досега има 1 победа и 1  пораз. Секако, јас на 23 септември одам во Гевгелија само со една цел – победа и ништо друго“, вели Муаремовски.

Инаку, Денис почнува со бокс борбите во 2010 година во БК Пелистер, а подоцна продолжува во БК Бранител, исто така од Битола. Тој е повеќекратен шампион на Макеоднија и во бокс и во кик бокс.

За настапот во РБЛ и плановите вели:

„Настапот во Регионалната лига е нешто со одамна фалеше во Македонија и мислам дека таа е голем придонес за сите боксери во Македонија. Секако дека ќе продолжам да боксирам во РБЛ, освен ако имам некој профи меч“.

Иако неговиот тренер Сашо Гарабилјевиќ заминал во САД, тој се подготвува жестоко и вели дека се е во најдобар ред. Муаремовски е категоричен дека подготвен за предизвикот професионален бокс.

„Мојата цел е да се борам за професионална титула во мојот роден град Битола, пред мојата публика“, истакнува Муаремовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО