Денеска во Лисабон без медал на Премиер лигата

Денеска на Карате 1 Премиер лигата настапија двајца македонски каратисти, скорот е 1-1-1, односно победа и пораз на Емил Павлов и нерешен резултат на Абдурахим Идризи кој изгуби со судиско изјаснување против конкурентот од Јапонија.

На премиерното издание на Премиер лигата во Истанбул Павлов освои бронза, но овој пат остана без одличје. Идризи како и во Истанбул и во Лисабон не разолчара, напротив, покажа карактер и против фаворитот а судиите одлучија кој ќе оди понатаму.

Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Ихор Ухнич (Украина) 4-1
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 1-3
Абдурахим Идризи – Наото Саго (Јапонија) 0-0

-75 кг
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка)

-84 кг
Петар Спасеновски – Фелипе Алберто (Бразил)
Берат Јакупи – Мораеш Силва (Бразил)/ Томас Коса (Словачка)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО