Денеска се решава судбината на Хабиб и Конор, но веќе ги прифатиле казните

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор ги прифатиле казните и глобите кои се очекува денеска официјално да им бидат изречени од Атлетска комисија на Невада. Мерките против нив се преземат заради инциденот по нивниот меч на УФЦ 229. И двајцата нема да присуствуваат на денешната седница на Комисијата.

Соборците на Нурмагомедов кои се вклучија во мешаницата, исто така ги прифатиле санкциите.

Половина од надоместокот на Нурмагомедов се уште е блокиран. Добил само 1 милион долари од договорената сума за мечот.

И Џон Џонс мора да се појави на сослушувањето поради серијата позитивни тестови.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО