Дејвид Хеј: Тони Белју изгледа дебел и нервозен

Dejvid Hej Toni Belju

Дејвид Хеј и Тони Белју ќе се сретнат на 4 март во Лондон, но не престануваат да пресметуваат преку медиумите и социјалните мрежи.

Тони Белју не престанува да го поставува прашањето за срцето и желбата на Хеј, цврсто верувајќи дека поранешниот шампион во тешка категорија ќе се распадне – ментално и физички, ако ја помине четвртата рунда.

Тој уште тврди дека пред неколку години во еден спаринг бил подобар од Хеј, што е и причина Хеј последователно да се повлекува од закажанит меч меѓу нив.

Сепак Дејвид Хеј одговори на наводите нa Тони Белју.

„Тој има потреба од нешто, од кое ќе црпи самдоверба. А тоа не се моите способности. Што вели тој, дека немам срце? Понекогаш толку многу зборува што почнува да верува на сопствените лаги. Реалноста е таа, дека тој знае колкав атлет сум  и колку силно можам да удрам. Значи, ако освен тој не направи трансплантација на муцката…“

Според Хеј, Тони Белју изгледал „дебело и нервозно“, кога се соочиле лице в лице.

„Тој беше супер нервозен и изгледаше дебел. Се чинеше дека ќе биде нокаутиран многу брзо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО