Мејведер: Подобар сум од Мухамед Али (ВИДЕО)

muhamed ali mejveder

Американскиот боксер Флојд Мејведер продолжува да предизвикува скандали со своите изјави, иако се повлече пред година и половина. Овој пат цел на неговите споредби стана покојниот Мухамед Али.

„Како ги цениме борците – реторички се праша самиот себе Флојд. Ако опстојуваме на своите идеали, тогаш Али без сомнение е поголем од мене. Ако гледаме по тоа кој губел помалку и кој соборил повеќе рекорди, тоа е Флојд Мејведер. Мохамед Али го отвори патот за мене. Тој е легенда. Станува ли збор за рекорди, тогаш Али ја загуби титулата од боксер кој избоксира само седум меча. Му симнувам капа на Али, но не сум дал 40 години од мојот живот на овој спорт, за да кажат дека друг боксер е подобар од мене“.

https://youtu.be/cdbmA3RRi_w

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО