Дејвид Хеј: Очекувајте уште еден експлозивен нокаут

Dejvid Hej so racete

Поранешниот светски шампион во две категории, Дејвид Хеј (27-2, 25 КО), вети дека ќе го нокаутира швајцарскиот боксер во супер тешка категорија, Арнолд Џерџај (29-0, 21 КО), со кого ќе се бори на 21 мај во Лондон.

„Многу се радувам што толку брзо се враќам во рингот. Сакам редовно да се борам и да испраќам некого во нокаут на секои 2-3 месеци. Дуелот со толку висок противник ми дава дополнителна мотивација, а победата е уште послатка кога го множиш противник со нула во графата на поразите. Очекувајте уште еден експлозивен нокаут“, изјави со самодоверба Дејвид Хеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО