Поранешниот шампион во тешката категорија, Дејвид Хеј, покажа дека е во супер форма откако го нокаутира на рингот во „О2 арена“ во Лондон малку познатиот Швајцарец со косовско потекло Арнолд Џерџај-Кобра.
Дуелот започна кошмарно за Швајцарецот, кој беше испратен во нокдаун уште во 40-та секунда на првата рунда. Кобрата повторно беше опсипан со удари и во втората рунда, а 24 секунди пред гонгот мечот беше прекинат, и покрај обидот на Швајцарецот повторно да застане на нозе. Така победата со нокаут отиде кај Хеј, чиј следен ривал најверојатно ќе биде Шенон Бригс, а натпреварот ќе биде во септември.
https://youtu.be/2CQh4F6yKvY