Бени Османоски со колено во стомакот го нокаутираше Гркот Кирјакидис (ФОТО/ВИДЕО)

226

Beni nokaut stori 4

Бени Османоски (82,5 кг) со колено во стомак во втората рунда го совлада Гркот Валентинос Кирјакидис на кик бокс настанот „Стори 4“ во Штатхале во Олтен – Швајцарија, под закрила на ВКУ (Светската кик-бокс унија).

Beni na merenje Stori 4

„Фала му на Господ, ја добив борбата во втората рунда со нокаут со лево колено во стомак“, напиша Бени.

Beni so peharot od Stori 4

Ова на Османоски му 44 победа (32 со нокаут). Во април Бени ја освои титулата во К-1 на ИСКА (до 82,5 кг), а во ВКУ (до 83 кг) два пати ја одбрани. Нов предизвикувач го очекува во септември.

Видеото може да го погледнете овде.

Ipon.mk/В.Д.