БоксПрофесионален
Шенон Бригс славеше со нокаут во Лондон на сомнителен меч (ВИДЕО)
Ветеранот Шенон Бригс многу лесно излезе на крај со Емилио Езекиел Зарате, нокаутирајќи го помалку познатиот противник во првата рунда за 140 секунди. Ова е патот до посакуваната пресметка со Дејвид Хеј во септември.
Бригс кој веќе има 44 години и оваа борба ја започна концетрирајќи се на удари во телото на противникот, а за остварување на целта му беa потребни 140 секунди во првата од планираните десет рунди на борбата во Лондон.
Епилогот на оваа пресметка наиде и на многу негативни реакции меѓу фановите кои сметаат дека ваквите соочувања само го нарушуваат угледот на професионалниот бокс.
https://youtu.be/TU81en2e1KQ




