Дејан Митровски го додели појасот на балканскиот шампион во ВАКО-Про во Цетиње

Вчера на „Цетиње Монтенегро фајт“ претседателот на Кик бокс маитаи федерацаијата на Македонија Дејан Митровски-Урко, заедно со ѕвездата во кик боксот во Црна Гора повеќекратниот шампион и претседателот на Кик бокс федерацијата на Црна Гора Иван Стругар, го доделија појасот на балканскиот шампион -62,2 килограми Никола Прља од Црна Гора кој во борбата за титулата славеше против Дајан Ивановиќ од Босна и Херцеговина.

Освен тоа, Митровски доби плакета за поддршка, промоција и развој на кик боксот, додека Драган Атанасосвки беше ангажиран од ВАКО Про како судија за овие мечеви.

Инаку, Митровски и Атанасовски беа поканети од организаторот каде што имаше профеисонална борба за појас на Балканот во ВАКО – Про.

На настанот имше 9 борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО