Осум медали за џудистите на Сеишин во Приштина, четири за сестрите Настоски

Сеишин со 8 натпреварувачи, кадети и сениори, на Меѓународниот турнир џудо „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, освои 8 медали – 1 златен, 3 сребрени и 4 бронзени.

Сестрите Настоски беа успешни и во кадетска и во сениорска конкуренција, освојувајќи по два медали.

Медалите ги освоија:

Кадетки
1.Теа Настоска -44 кг – сребрен медал
2.Теона Настоска -48 кг – сребрен медал

Сениорки
3.Теодора Димеска -48 кг – златен
4.Теона  Настоска -48 кг – сребрен
5.Теа Настоска -48 кг – бронзен
6.Магдалена Најдоска -52 кг – бронзен
7.Мартина Јанкоска -78 кг – бронзен

Сениори
8.Стефан Талески -90 кг – бронзен

„Михаил Димоски -66 кг кај кадетите и Леона Настоска -57 кг кај сениорките прикажаа солидни борби но не успеаја да изборат пласман на пиедесталот“, велат од клубот, истакнувајќи дека екипата предводел тренерот Мики Чадамов.

На турнир настапија клубови од 7 држави и тоа: Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Грција,  Македонија и  Словачка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО