Дејан Митровски: Доминацијата на Шампион се должи на редовноста и посветеноста на секојдневните тренинзи!

Кик боксот клубот Шампион на завршеното 1.Државно првенство во 2019 година е најуспешен клуб со вкупно освоени 21 медал 19 златни, 1 сребрен и 1 борнзен, со што ја потврди доминацијата на домашната сцена.

Го прашавме тренерот на клубот Дејан Митровски – Уркона што се должи супериорноста на Шампион на неколку по ред првенства.
-Супериорноста се должи на редовноста и посветеноста на секојдневните тренинзи, нештедејќи се на нив. Доказ се честите повреди што ги здобиваат на меѓусебните спаринзи и на тренинзите, неправејќи разлика меѓу машко и женско. Голем фактор е и исхраната со суплементите, кои се взаемно врзани  и се многу важни за спортистите и нивните резултати.

Каква е целта на клубот во оваа година?
-Целта на клубот е натпреварувачите да имаат што повеќе борби и да се подобрат технички и кондиционо. Потоа да учествуваме на што повеќе меѓународни купови во соседните земји, со тенденција за влез во репрезентацијата, за да ги бранат боите на нашата земја на европските и светски првенства во кик бокс и маи таи кои ни претстојат во втората половина од оваа година.

Може ли да се очекуват големи меѓународни успеси?
-Очекуваме дека резултатите се неизбежни со вакво темпо на тренинзите. Но, не би ги потценил и останатите клубови со нивните тренери. Со повеќе од нив бевме клупски другари  и потекнуваме од еден ист  клуб, што постоеше на почетоците на имплеменирањето на овој спорт кај нас, тоа е клубот на поранешниот претседател на Федерацијата, господинот Љупчо Неделковски, кој на сите нас ни има пренесено едно исто школо за пристап и работа со рекреативците и натпреварувачите.

Зошто во категориите каде што се репрезентативците не се појавува конкуренција?
-Отсекогаш било така. Во оние категории и дисциплини каде што се репрезентативците постојано се избегнуваат од останатите натпреварувачи. Но, онаму каде што нема репрезентативци, се одвиваат многу жестоки борби со млади, нови, натпреварувачи од сите клубови, кои и се иднината на овој спорт.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON