Белатор го подготвува големото дерби Емилијаненко – Филиповиќ

Во моментов се планира мега дерби меѓу легендите на ММА Федор Емелијаненко и Мирко Филиповиќ – Кро Кап. Ова го соопшти претседателот на Белатор Скот Кокер. И двајцата борци имаат договори со компанијата.

„Отсекогаш мислам дека пред да ја заврши кариерата Федор мора да направи меч во Русија или Јапонија“, рече Кокер и додаде: „Знам дека Мирко Кро Кап нема ништо против за реванш меч. Морам да преговарам со Емелијаненко”.

Двете легенди се бореа во 2005 година. Тогаш Хрватот загуби со судиска одлука.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО