Дејан Георгиевски загуби од турски репрезентативец на Гранд прито во Манчестер

Дејан Георгиевски на Светскиот таеквондо Гранд при во Манчестер, Англија, вчера не се вмеша во борбата за медали.

На најсилниот турнир во годината – Г6, каде што настапија 32 најдобри натпреварувачи во светот, Георгиевски во првата борба загуби од турскиот репрезентативец Енбија Биџер со 0-2.

Во неговата катеорија над 80 килограми победи Бразилецот Маикон Сиквеира кој славеше против Каден Канинагам од Велика Британија, додека бронзите им припаднаа на Емре Кутламис Атесли од Турција и Чејк Сисе од Брегот на Слоновата Коска.

Првопласираниот ја освои и наградата од 5.000 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО