Дејан Георгиевски повторно е на шампионските патеки – златен медал Европските таеквондо игри

 

Дејан Геооргиевски повторно е во шампионски ритам, го освои златниот медал на првите Европски игри во таеквондо во Пловдив, Бугарија, во категоријата над 87 килограми.

Дејан во финалето славеше против турскиот репрезентативец Емин Мухамед Аџикгоз.

Нашиот репрезентативец во првата борба славеше над Гркот Анастасиос Дмитрикопулос, а потоа и против Украинецот Михаило Шелест во полуфиналето.

Третото место го освоија Французинот Омар ел Јазди и Андреј Грабар од Украина.

Ова се нови бодови од Г-1 турнири за Георгивски за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Денеска се бореше и Иван Крстевски (-63 кг) и имаше добар настап, односно извојува победа над Грк, а во втората е поразен минимално 9-8 од Калојан Бинев од Бугарија кој го освои златниот медал.
Македонија се враќа со два медала од Европските таеквондо игри, златниот на Дејан Георгиевски и бронзениот на Филип Додевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО